Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО

Вчеравечер започна најдоброто фестивалско доживување со ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024. Како и сите претходни изданија, така и овогодинешниот фестивал е организиран во духот на добрата забава и традицијата, со одлична музичка агенда.
Првата фестивалска вечер ќе се памети долго, затоа што Кратово одново блесна во полн сјај и пречека илјада посетители, кои уживаа во секој миг и во секој отпеан стих од нашите најголеми музички ѕвезди.
Со многу насмевки, силни аплаузи и овации беа пречекани сите изведувачи, благодарение на нивната неверојатна енергија и одличните настапи. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 започна со настапот на Кратовски тамбураши, а забавата продолжи со Трио Тајфа и Распеани кичевчани. Со секој настап атмосферата стануваше сѐ подобра, а публиката побројна. Мераклиите од Мерак меана, односно Блага Петреска, Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски, Благоја Грујовски, Кате Брезева Соната, Златко Миладиноски, Елена и Лазар Наумови, ги освоија срцата на посетителите и ги отпеаа најубавите македонски песни. Веднаш потоа настапија Brass Brothers кои направија вистински брасс огномет од тонови и музика, а вчерашното фестивалско патување заврши со енергичниот настап на Диџеј Жак кое всушност беше и дополнителна најава за денешниот втор ден од Фестивалот.

Нашата најголема водителска ѕвезда, Лила Филиповска со својата препознатлива аура и позитивна енергија допринесе за уште поголемо уживање во текот на целата концертна вечер.
Забавата продолжува и денеска, а Кратово очекува посетители во уште поголем број кои вечерва ќе создадат спомени што траат вечно, затоа што ова се ДЕНОВИ ЗА ПАМЕТЕЊЕ – ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024.

Вечерва фестивалот ќе се отвори со настапот на локалниот рок бенд Б.А.Д, а атмосферата дополнително ќе ја загреат Ana & The Girls. Договорениот настап на Данијела Мартиновиќ ќе биде реализиран во друго време, од причина што хрватската ѕвезда не успеала да го доведе до крај и својот синоќешен настап и е хоспитализирана. Причина е силна настинка.
На Данијела и посакуваме што поскоро закрепнување, а забавата на Златни денови ќе продолжи уште посилно. Вечерва на сцената на Златни Денови ќе се појават
момците од Тропико Банд кои ќе обезбедат одлична забава и ќе приредат незаборавно фестивалско искуство за целата публика. ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 ќе заврши со Диџеј Жак и со настапот на еден од најактуелните и најпопуларни музички артисти Пајак.

И денеска е предвидена богата музичка програма, одлична постава на реномирани изведувачи и еуфорија.
ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 е неповторливо доживување кое не треба да го пропуштите, затоа вечерва бидете дел од првите редови на многубројната публика и препуштете се на најдоброто фестивалско доживување, за да создадете нови незаборавни моменти.

На следниот линк можете да погледнете повеќе фотографии од синоќешната забава - https://we.tl/t-jkERYR207A.
Ново на Сител
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
-

Вештачката интелигенција, помош или опасност за младите
-

Владата викендот ќе одлучува дали ќе продолжат мерките за горивата
