-->
-->
Крањчар: Имаме поволен резултат, но против Вардар мора да бидеме внимателни
-->
Златко Крањчар тренерот на хрватскиот првак Динамо Загреб, со голема доза на внимателност го очекува утрешниот реванш натпревар против македонскиот шампион Вардар.
Утревечер на „Максимир“, Динамо и Вардар ќе го играат реваншот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите во кој загрепчани ќе влезат со предност од 2:1 остварена на првиот меч во скопје.
Но, Крањчар и покрај предноста која ја има Динамо, предупредува дека во утрешниот меч мора да се влезе внимателно, бидејќи Вардар кој создаде бројни шанси на првата средба, сега ќе биде уште по мотивиран.
„Утре сакаме да го потврдиме добриот резултат од Скопје. Го анализиравме тој натпревар, ќе направиме потребни корекции и утре ќе бидеме уште подобри. Вардар во Загреб доаѓа со многу оптимизам и тоа секако нѐ повикува на внимателност, бидејќи резултатот 2-1 знае да биде многу опасен, особено ако со 100 отсто не влеземе во натпреварот“, изјавил Крањчар за хрватските медиуми на денешната прес конференција во пресрет на овој натпревар.
Крањчар потврдил дека Марко Пјаца кој поради настинка не играше на првиот меч во Скопје, а е пред трансфер во Италија, ќе биде во тимот од првата минута.
Дуелот, Динамо Загреб – Вардар се игра утревечер со почеток од 20 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул