Крамп-Каренбауер: Русија е се поголем безбедносен предизвик за ЕУ
Германската министерка за одбрана, Анегрет Крамп-Каренбауер, изјави дека нејзината земја се почесто е во фокусот на нападите што можат да се поврзат со Русија.
Според неа, однесувањето на Русија е се поголем предизвик за Европската унија.
Министерката Крамп-Каренбауер кажа Германија треба да го зголеми издвојувањето за системот за национална одбрана, но тоа да биде во нејзин интерес, а не како „концесија кон САД“, пренесува Тасс.
-Предизвиците растат со новите технологии, како и со хибридните закани, но и како регионален проблем, кога, на пример, ќе се земе предвид однесувањето на Русија. Германија е често во фокусот на напади што можат да бидат поврзани со Русија, рече германската министерка за одбрана, без да наведе примери за нејзините тврдења.
Рускиот заменик министер за одбрана, Александар Грушко, на 22 март кажа дека Русија е подготвена за „конструктивна и прагматична интеракција, но само врз основа на еднаквост и взаемно почитување во нејзините односи со ЕУ“.
Тој додаде дека сите обиди со Русија да се разговара од позиција на сила и дополнителни санкции се „апсолутно контрапродуктивни“.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови