Кралот Чарлс Трети денеска ќе се обрати пред пратениците во американскиот Конгрес

Британскиот крал, Чарлс Трети, денеска ќе се обрати пред американскиот Конгрес, при што се очекува да ја нагласи важноста на одбраната на демократските вредности и зајакнувањето на трансатлантското партнерство.
„Би-Би-Си“ објави дека се очекува британскиот крал во својот говор пред американските пратеници да нагласи дека во време на глобални предизвици, соработката и зачувувањето на вредностите на слободата, толеранцијата и еднаквоста се поважни од кога било.
Според најавите, Кралот ќе каже дека и покрај повремените несогласувања САД и Велика Британија секогаш успевале да најдат начин да дејствуваат заедно, со повик за „помирување и обновување“ на билатералните односи. Тој, исто така, ќе ја нагласи важноста на Алијансата преку поддршка на НАТО и заштита на Украина.
Кралот и кралицата Камила вчера допатуваа во четиридневна посета на САД.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Прв конгрес на ВРЕДИ како партија
-

Тема на денот со Ѓорѓи Илиевски, поранешен инспектор во просветниот инспекторат
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
