Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
Британскиот крал Чарлс Трети, кој со сопругата Камила е во посета на државата Самоа, на свеченоста за пречекот, учествуваше во традиционалното пиење на психотропниот пијалок „кава-кава“. Потоа е прогласен за „висок поглавар“ на овој остров.
Кралот Чарлс присуствува на Состанокот на шефовите на влади на Комонвелтот, неколку месеци откако му беше дијагностициран рак. Самитот се одржува во Апија, главниот град на Самоа, каде што ќе се избере нов генерален секретар, сега номиниран од африканска земја, во согласност со подрачните ротации во Комонвелтот. Ова е негова прва посета на островската држава на Тихиот Океан, која некогаш била британска колонија.
Напивката на кралот му била послужена во исчистен кокос пресечен на половина. Овој благо опоен напиток, што е еден вид пиво, е важен дел од културата на Пацификот, а во обредите се нарекува и „ава“.
- Господ да ја благослови оваа „ава“, рекол Чарлс пред да ја проба напивката.
Инаку, поранешниот заменик-премиер на Австралија, Мајкл Мекормак бил хоспитализиран откако случајно испил премногу од ова „пиво“, на сличен обред во Микронезија во 2022 година.
Кралската двојка подоцна го посети селото Моата, каде што Чарлс стана „tui taumeasina“ т.е. „висок поглавар“ на Самоа.
Британскиот монарх е на 11-дневна турнеја низ Австралија и Самоа. И климатските промени ќе бидат тема на разговор на самитот.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции