Кралицата Елизабета помилува затвореник
Британската кралица Елизабета Втора го помилува 42-годишниот Стивен Галант, затвореник кој издржува казна за убиство, кој минатата година стана познат кога помогна да запре терорист на мостот во Лондон. Галант се најде на местото на инцидентот затоа што учествуваше во настан како дел од програмата за рехабилитација на затвореници во ноември 2019 година, кога Усман Кан, вооружен со два ножа, нападна минувачи и уби двајца студенти кои помагаа во програмата за рехабилитација на затворениците, пишува Јуроњуз. Снимките од нападот покажуваат дека Галант и уште двајца мажи успеале да го запрат Кан во натамошните намери. Со одлука на кралицата Елизабета Втора, казната му е скратена за 10 месеци за да може да се појави пред комисијата за помилување во јуни. „Галант ќе добие признание за неговиот храбар чин со кој ги спаси животите на луѓето, а го ризикуваше својот“, соопшти Министерството за правда. Галант беше осуден во 2005 година на 17 години затвор за убиство на пожарникар.
Ново на Сител
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје–Велес
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Зеленски: Испораките на ракети за воздушна одбрана на Украина се трипати помали од минатата година
-

Полицаец наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал, парите ги земал и приложувал стари уплати
-

Историски чекор за Иџе: Прв возач од Балканот со прототип „Норма“, само 12 вакви болиди во светот
-

Трамп: САД и Иран водат „многу добри разговори“, можен договор за Ормуската Теснина
-

Андоновски: Компаниите електронски можат да поднесат барање за издавање уверение од кривична евиденција од основните судови
-

Маж од Скопје загина откако врз него паднало дрво при нелегална сеча во струшко
