Крајот на епидемијата на коронавирусот во Италија е можен кон почетокот на мај
Според прогнозите на италијанскиот Институт Ејнауди за економија и финансии, епидемијата на новиот коронавирус во Италија би завршила до 5 мај.
Епидемиолошкото сценарио на Институтот се темели врз алгоритмот кој ги зема во обѕир сите параметри на пандемијата, вклучувајќи го и бројот на новите случаи, хоспитализацијата, заздравувањето на пациентите и стапката на смртност. Научниците очекуваат акутната фаза на пандемијата да заврши до средината на април.
Се очекува северниот регион Трентино-Јужен Тирол да ја укине вонредната состојба на 6 април, а еден ден подоцна истото да го направат и централните региони Базиликата, Лигурија и Умбрија.
Според прогнозите, регионот Лацио ќе прекине со објавување на нови случаи на коронавирусот до 16 април, а се очекува северните области Венето и Пијемонт, кои беа меѓу првите што пријавија заразени случаи, да прогласат крај на епидемијата на 14, односно на 15 април.
Најтешко погодениот регион Ломбардија и нејзиниот административен центар Милано, ќе прогласат завршување на епидемијата до 22 април, соседниот регион Емилија-Романија, кој е втор по бројот на потврдени случаи на зараза во Италија, тоа ќе го направи на 28 април, а Тоскана на 5 мај.
Италијанскиот заменик министер за здравство Пјерпаоло Силери, еден од првите заболени со коронавирусот, вчера изјави дека пикот на епидемијата во Италија се очекува за околу седум до десет дена.
Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Италија од Ковид-19 починале 812 лица, а во истиот период се потврдени 1.648 нови случаи на зараза, што е рекордно низок број во споредба со просечните 3.000 лица дневно. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во Италија изнесува 101.739 луѓе, а на починати 11.591.
Ново на Сител
-
Прва жена фоторепортер | Maja Јаневска | ПРОфесија | Sitel Podcast 092
-
Промоција на македонски вина и вински туризам утре во Тирана
-
ОЈО поведе истражна постапка против скопјанец кој со мотоцикл удри 10-годишно девојче на пешачки премин во Чаир
-
Макрон по средбата со Зеленски: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот
-
Променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти