-->
-->
Крај на богатата кариера на Раул
-->

Фудбалерите на Њујорк Космос ја освоија титулата во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Иако хет-трик постигна Гастон Саљерино, во центарот на вниманието беше шпанскиот ветеран Раул Гонзалес кој го одигра последниот меч во кариерата.
„Имав неверојатна година, ова е совршен начин да ја завршам кариерата. Време е да одморам. Горд сум на сето она што го направив. Започнувам нов живот, помалку сум тажен, но во исто време сум и среќен“, рекол Раул.
Легендата на Реал Мадрид не исклучи дека може да се врати во клубот каде ги постигна најголемите успеси во кариерата.
„Тие ми понудија да се вратам, но јас сé уште ништо не сум решил. Знам само дека и натаму ќе бидам навивач на Реал“, дополнил Раул.
Раул Гонзалез за Реал Б, Реал, Шалке, Ал Сад и Космос одиграл 932 натпревари и постигнал 388 голови. За Шпанија постигнал 44 гола на 102 натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
