-->
-->
Крадел од куќи и продавници, кривична за скопјанец
-->
Полициската станица Гази Баба поднесе кривична пријава против И.А.(39) од с.Страчинци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. По преземени мерки и активности и извршено вештачење било констатирано дека тој извршил по две тешки кражби во куќи и продажни објекти, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат оттаму, вчера во 06.30 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата, по што во консултација со јавен обвинител му е поднесена пријавата.
И.А. бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор, се вели во соопштението од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека