-->
-->
Крадец од Гостивар „оперирал“ во Струга
-->

СВР Охрид - НККР-Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од с.Дебреште гостиварско поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.
Првото кривично дело пријавениот го извршил на 26.12.2016 година во деловната просторија сервис за мобилни телефони „Мобител“ во склоп на ДООЕЛ „Прима“ лоциран во градскиот безистен во Струга,
сопственост на И.Ќ. од с.Октиси, на тој начин што со употреба на подесен предмет од излогот одзел повеќе мобилни телефони.
Второто кривично дело пријавениот го извршил на 27.12.2016 год. во менувачница „КЕ-МЕ“ лоцирана на ул. „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга сопственост на М.М. од Струга, извршено на начин што пријавениот со подесен предмет ја отворил вратата од каде одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам