Крадци упаднале во куќа и оставиле слика на Караваџо вредна 120 милиони евра
Крадци упаднале во куќа во Тулуз, Франција, и оставиле слика на италијанскиот сликар Микеланџело Караваџо вредна 120 милиони евра, оти им се чинела безвредна за да ја украдат.
Станува збор за слика масло на платно под наслов „Јудита ја отсекува главата на Холоферн” од пред 400 години, која долго време се сметала за изгубена. Според познавачите, вредноста на делото се проценува на повеќе од 120 милиони евра.
Сликата ги полнеше насловните страници во 2014 година, кога, работејќи на одводен проблем во домот, тулужанецот случајно ја открил на својот таван. Потоа семејството го известило за тоа локалниот колекционер Марко Лабарб, а тој пак, ја проследил веста до Ерик Туркин, познавач на делата на Караваџо.
На тој начин сликата излезе во јавност. На 9 март годинава ќе биде изложена во лондонската галерија „Колнаги”, а на 27 јуни ќе биде понудена на аукција во Тулуз.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Земјоделците бараат долгорочна стратегија за поголемо производство и стабилни цени
-
Богојавление Водици на Плетварско езеро
-
Сузбиена криминална група предводена од Раде Штекли – 14 лица од Скопје осомничени за трговија со дрога
-
Богојавление Водици во Скопје
-
Богојавление Водици во Охрид
-
Томче Голабоски го фати крстот во Струга