Кожухарова: Во Буарија е вакцинирано 30 отсто од населението, нема регистриран случај со сојот Омикрон
Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, изјави за БНР епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на Министерот за здравство.
– Четвртиот бран во Бугарија почнува да опаѓа, коментира проф. Кожухарова.
Таа објасни дека во Бугарија се уште нема официјално регистриран случај на сојот омикрон.
Познатиот бугарски епидемиолог ја изрази својата загриженост дека новиот сој омикрон забрзано расте и додаде дека кога има голем број заразени, секогаш има потешки случаи. Затоа Кожухарова ги повика луѓето повеќе да се вакцинираат.
Таа го коментираше и одбивањето на бугарските пратеници да не се влегува во Народното собрание на Бугарија со зелен сертификат, оценувајќи дека епидемиолошкиот ризик воопшто не е мал и додаде дека оваа мерка треба да важи подеднакво за сите граѓани на земјата.
Ново на Сител
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика