Ковид-19 во Грција: Нови 62 заразени случаја и петмина починати
Во изминатите 24 часа во Грција уште петмина починаа од Ковид-19, со што бројот на жртви се зголеми на 73 лица, а регистриран се 62 нови случаи, односни вкупно 1.735 лица се заразени со коронавирусот од почетокот на епидемијата, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопшти Министерството за здравство на Грција, од 1.735 потврдени случаи, 352 (20,3 отсто) се поврзани со патувања во странство, 617 (35,6 проценти) биле во контакт со веќе потврден случај, а повеќе од половина заразени, односно 54,9 отсто, се мажи.
Во однос на смртните случаи, просечната возраст на починатите е 74 години, 83,6 отсто имале претходни здравствени проблеми, а од 73 жртви, 52 се мажи.
Од хоспитализираните, 93 се приклучени на апарати, а нивната просечна возраст е 65 години, додека пак 68,8 отсто имаат претходно дијагностицирани здравствени проблеми.
Досега, во Грција извршена е анализа на 25.453 примероци.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
