Ковачки поднесе кривични пријави за Шекеринска
Поради постоење на основано сомнение дека се прекршени членовите 349 и 353 од Кривичниот законик, како и членот 103 став 1 и 3 од Законот за класифицирани информации, денеска во ОЈО поднесовме три кривични пријави, две против актуелниот министер за одбрана и едно против раководно лице во министерството за одбрана.
Ова е првпат во историјата на модерна Македонија, актуелен министер за одбрана, на ваков незаконски и крајно непрофесионален начин, дрско да ја злоупотреби својата позиција и да содржини од класифицирани документи искористи исклучиво во својa лична и партиски промоција.
Шекеринска ја загрозува и безбедноста, но и државата во целост со тоа што издава информации кои се од витално значење за одбраната.
Цениме дека ваквиот, во континуитет незаконски однос кон класифицираните информации од страна на актуелен министер за одбрана којшто е платен и по закон е обврзан да ги чува и штити класифицираните информации е неприфатлив и бараме од ОЈО веднаш да пристапи кон своите законски надлежности и да поведе постапка пред надлежен Суд.
Од Шекеринска бараме одговорност и оставка веднаш!
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг