Ковачки: Наместо да има одговорност 11 дена по трагедијата имаме затворени роднини кои протестираат барајќи правда
Како што веќе видовме, моралноста и владеењето на г-нот Заев и г-нот Филипче не одат во иста реченица.
Вчера кажавме дека оставката е најмалку за што треба да се грижат министерот Филипче дур се одмара на плажа, но и премиерот што не го давал столчето само за да на него не седнел г-нот Мицкоски.
Прашавме за тоа дали Министерот бил предупреден за ПУР панелите, одговор не добивме. Очекувано.
Овој однос на избегнување на одговори, како што би рекла г-ѓа Шекеринска, не е во духот на транспарентноста и правото на јавноста да знае и да биде информирана. Но, тоа им е стилот на владеење.
Денеска, 11 дена од трагедијата после која наместо одговорните да се со лисици на раце, тие ги испозатворија роднините кои протестираа, одиме со ново прашање кое повлекува кривична одговорност и се однесува на електричната инсталација во модуларната болница во Тетово:
Дали Министерот Венко Филипче или некој од неговиот тим има информација дали модуларната болница била приклучена на дистрибутивната мрежа во стандардна и нормална процедура или некој си дозволил приклучувањето да го направи од веќе постоечката болница надвор од процедура и без соодветен проект?, напиша Ковачки на својот ФБ профил.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест
-
Ристески: До крајот на годината ќе бидат изречени првите казни за компаниите кои не го почитувале Законот за нефер трговски практики