Ковачки: Ковачевски сам поднел документ дека е трајно неспособен
Врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, бараме од судот да поведе постапка за одземање на деловна способност на дезертерот Димитар Ковачевски.
Постојат основани сомненија дека дезертерот Ковачевски има нарушена деловна способност, и со оглед на тоа дека се работи за премиер на држава, го повикуваме судот веднаш да реагира, а врз основа на чл.40 од Законот за вонпарнична постапка, кој утврдува дека постапката за одземање на деловна способност е итна.
Дијагнозата која дезертерот Ковачевски ја приложил пред АРМ дека е трајно неспособен, со цел да избегне служење воен рок, не носи во сомнеж дека ако тој не лажел за својата состојба, тогаш истата може само да прогресира.
Бидејќи дезертерот Ковачевски сега е премиер, мора да се утврди дали неговата деловна способност е нарушена или не. Доколку е, тој треба веднаш да си поднесе оставка, доколку не е, да се утврди дали кај него постои трајно неспособност или тој лажел пред АРМ да не служи војска, и во тој случај, треба да си поднесе оставка. Бидејќи ако лажел, тој фалсификувал лекарски документ, за да избегне да и служи на државата.
Одговорност мора да има. Судот да реагира веднаш и да отвори постапка за одземање на деловната способност на дезертерот Ковачевски.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство