Ковачевски за Џамбаски: Не знам кој е тој човек
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Бугарија треба својата поддршка треба да ја насочи кон оние здруженија кои што градат мостови меѓу двете држави.
-Здруженија кои што носат имиња на личности кои што ги нарушуваат и повредуваат чувствата на Македонците, Евреите, Албанците и Евреите, не треба да се именуваат на таков на начин. Ова не гради никакви пријателски односи меѓу двете држави. Постојат имиња кои што можат да зближуваат и треба да инвестираме во такви имиња. Во однос на објавата на Ангел Џамбаски, не знам кој е тој човек, така да кога ќе ја видам изјавата, ќе одговорам. Околу македонизмот, секогаш ќе го има, затоа што Македонците имаат своја историја, идентитет, зборуваме на македонски јазик и негуваме свои обичаи и сме граѓани и народ кој што до 2030 година ќе ја збогати ЕУ, рече Ковчевски како одговор на новинарско прашање.
Претходно бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на Фејсбук сподели објава во која наведе дека „Југославија се распадна, а сега е крајно време да се урне последниот бастион – македонизмот“.
Ново на Сител
-
Одложен е тендерот на кој ЕСМ требаше да понуди цена по која ќе му продава струја на ЕВН
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре