Ковачевски: Трети земји кои сакаат да имаат геостратешко глобално влијание тоа го прават и на територијата на Западен Балкан
На територијата на Западен Балкан е евидентно дека трети страни сакаат да извршат влијание, бидејќи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и нашата имаат јасна ориентација за придружување во ЕУ и најголем дел во НАТО, вели премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање во контекст на изјавата на претседателот Пендаровски за руското влијание на Западен Балкан.
Трети земји кои сакаат да имаат геостратешко глобално влијание, дополни премиерот, тоа сакаат да го направат и на територијата на Западен Балкан.
Тие, се надоврза тој, во текот на изминатата деценија „имаат изградено одредена инфраструктура составена од политички партии кои се поддржани и финансирани од трети земји, како и медиуми, аналитичари и поединци кои се исто така поддржани од трети земји“.
– Начинот на кој владите се борат за да го промовираат во јавниот простор тоа што е стратешка определба на државите е пред се транспарентно и редовно информирање на јавноста за политиките што ги водат, за процесот на интеграции кој го водат како што ние денес тоа го правиме и со обезбедување на поддршка во што поширок круг во општество, не само на политичките елити, туку и на научната јавност, невладините организации, деловната заедница итн., заклучи Ковачевски.
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
