Ковачевски: Со буџетот за 2024 година дополнителни 100 милиони евра за пензии
Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со буџетот за 2024 година за пензии предвидени се дополнителни 100 милиони евра повеќе од годинава, со цел понатамошно нивно зголемување согласно методологијата.
Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и заменик - министерката за правда, Викторија Аврамовска - Мадиќ, денеска ги посетија градинката „Виножито“ и дневниот центар „ЕДУ Практика“ во Струмица.
На новинарско прашање за антикризните мерки и покачувањето на пензиите, премиерот истакна дека не е начин пред избори на пензионерите да им се ветува еднократно зголемување, туку, како што рече, ова е начинот кога во време на најголема криза се зголемени пензиите за толкав процент. Најави дека во наредната година ќе има поголеми покачувања.
- Што се однесува до пензиите, оваа Влада покажа како се зголемуваат пензиите на системски начин и уште тогаш кажавме дека ќе донесеме решение, и го донесовме, за двапати годишно зголемување на пензиите согласно растот на просечната плата и согласно растот на трошоците на живот. Заради тоа имаме најголемо зголемување на пензиите во историјата на државата во изминатите година и половина, од 24 отсто. Само за споредба, ние имаме 50 отсто зголемена минимална пензија и 50 отсто зголемена просечна пензија во државата, нагласи Ковачевски.
Тој изјави дека антикризните мерки се во финална фаза на подготовка и со нив се опфатени околу 400 илјади граѓани, меѓу кои се и пензионерите со пониски пензии, и најави дека доколку утре на владина седница се донесат мерките ќе следува прес - конференција на којашто ќе бидат јавно објавени.
Ново на Сител
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите