Ковачевски: Се држам до принципот нулта корупција
„Се придржувам до принципот нулта корупција, со оглед на тоа дека корупцијата е најголемиот проблем во било која држава. Таа прво го уништува системот на вредности во една држава и оние коишто се чесни ги прави наивни, а оние коишто се нечесни се сметаат како снаодливи“, објави на Фејсбук Ковачевски.
„Јас никогаш нема да застанам во одбрана на оние коишто имаат некаква квалификација за одредено дело. Меѓутоа, исто така, ќе повикам сите институции коишто се задолжени за борба против криминалот и корупцијата и како МВР, Обвинителството и целиот судскиот систем да си го завршат својот дел од работата. Целиот систем мора да функционира, сите да си ја сработат својата работа, да ја зголемат транспарентноста и да ја зголемат ефикасноста во работењето“, напиша во својата објава премиерот Ковачевски.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист