Бизнис
31. January 2023 - 11:31

Ковачевски: Работиме да нема зголемување на цената на струјата, во некои сегменти може да има намалување

Премиерот Димитар Ковачевски на вториот ден од годишната конференција „Година на нови можности“ нагласи оти Владата работи на тоа да нема зголемување на цената на електрична енергија, а во некои сегменти, како што најави, може да има и намалување.

– Претпоставувам во наредниот период, и работиме на тоа да нема зголемување на цената на електричната енергија, а може во некои сегменти да има и намалување. Минатата година АД ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти, а за оваа година планот е повторно зоглемување на производството на електрична енергија, рече денеска Ковачевски на првиот панел „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“.

Премиерот потенцираше дека стратегијата на Владата како и експертите ангажирани во енергетскиот сектор, придонесоа да се зголеми производството на електричната енергија, а со тоа да дојде и до намалување на цената на електричната енергија.

-Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 posto во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија. Драго ми е што вчера видовме податок дека во текот на вчерашниот ден се произведени над 21 мегават/час електрична енергија што е најголемо производство во еден ден во изминатите 10 години. И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на коишто нема да има зголемување на цената на електричната енергија, рече Ковачевски. 

Ковачевски истакна дека иако очекувањата на сите беа дека ќе има зголемување на цената на електричната енергија на почетокот од годината, со 100 проценти покривање на потребите за електрична енергија за домаќинствата сметките за малите потрошувачи се намалија за 20 проценти.
 
Во моментов, како што рече тој, се користи гас кој е од извори од САД, од Северна Африка итн. Се она што беше дадено како задача на тимот кој работеше, вели Ковачевски, беше исполнето до перфекција.
 
Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека во втората половина од февруари ќе се отвори јавниот повик за изградба на интерконекторот. Како што додаде, се работи и на нов интерконектор со Република Србија, а со Косово, посочи, нашата обврска сме ја завршиле.
 

– За нивна страна ги подготвивме како документација сите процедури, ја очекуваме нивната одлука дали да се продолжи градбата во нивниот дел, рече Бектеши.

Тој посочи дека речиси сите компании во склоп на ТИРЗ-овите се снабдуваат со природен гас. Приоридниот гас, како што информира, е од Турција и од Грција, односно оти имаме различни извори. Бектеши информира дека утрово имал средба со директорот на НОМА гас, нова компанија која се занимава со природен гас и веќе почнуваат да се реализираат со усвојување на подзаконските акти.

Васко Ковачевски, директорот на ЕСМ истакна дека зголемувањето на домашното проиводство на електрична енергија, а со тоа и намалување на увозот доведува до одржување на цената. Тој рече дека очекува и оваа година успешно да се справат со енергетска криза.

Директорот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски осврнувајќи се на изворите за снабдување на енергија, рече дека инвестирањето во фотоволтаици во државата ќе ни ја зголеми енергетската независност.

Претседателот на Македонската енергетска асоцијација Кочо Анѓушев верува оти земјава може да биде енергетски хаб, но како што нагласи, обновливите извори на енергија имаат и недостатоци бидејќи се неконтролабилни. Мора, истакна тој, да се прават обвновливи извори од сите типови. Биогасот, како што рече, е најквалитетен, потоа хидроелектрани, а најмали по квалитет се фоотволтаиците.

– Очекувам уште овој мај, јуни да имаме вишоци на енергија од фотоволтаици што ќе треба да бидат извезени, рече Анѓушев.