Ковачевски: По наредба на Мицкоски беа правени недолични видеа за мојата ќерка
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека по директна наредба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се напаѓа неговото семејство.
„Има една работа што не сум ја кажал. Директно по негова наредба, за мојата малолетна ќерка, во текот на месец јули минатата година, кога се носеше францускиот предлог, беа правени недолични видеа на апликацијата Тикток и јас за ова од таков нечовек не барам извинување“, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата за одлуките од вчерашната владина седница.
За сопругата, премиерот рече дека била напаѓана за време на собраниската расправа за владина реконструкција месецов, бидејќи, како што кажа тој, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немале никакви аргументи во однос на реконструкцијата.
„Јас и моето семејство сме под директен напад, посебно мојата сопруга, и под директна наредба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од прв ден. И до таква атмосфера дојде бидејќи немајќи никакви аргументи ВМРО-ДПМНЕ во расправата во Собранието во однос на реконструкцијата на Владата и со оглед на тоа дека нивниот претседател кажуваше дека имал 61 пратеник за да ја турне Владата, а излезе дека Владата има зголемено парламентарно мнозинство од 65, што се потврди вчера, па по негова наредба дискусиите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беа исклучиво насочени против мојата сопруга иако тој знае за одредени здравствени предизвици кои што мојата сопруга ги имаше и ги има“, кажа Ковачевски.
Ново на Сител
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка