Ковачевски - Пич: Северна Македонија ќе продолжи да биде фактор на стабилност во регионот
Премиерот Димитар Ковачевски, денеска се сретна со Сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, придружуван од амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон.
На средбата премиерот Ковачевски истакнал дека ангажманот на Обединетото Кралство на Западниот Балкан и промовирањето на прашањата за регионалната безбедност се резултат на блиските пријателски односи на двете земји, сојузнички членки на НАТО. Тој се заблагодарил за поддршката која Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство во интеграциските и реформските процеси.
На состанокот била истакната и поддршката за процесите кои се дел од евроинтеграцискиот пат на земјата. Прогресот во евроинтеграциите бил посочен како клучен за поттикнување позитивен напредок и за останатите отворени прашања во регионот. Во тој контекст, се наведува во соопштението од владината прес-служба, нагласена е и потребата од конструктивност на сите политички субјекти во земјата на сметка на блокадите и деструктивноста.
- Поддршката беше насочена и за Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ во време на тешка безбедносна ера за Европа. Во таа насока, поздравени се политиките на Владата како фактор за безбедноста и на регионот но и за Европа. Нагласено е значењето за поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, на линија на политиките на државите од Европа, во однос на ситуацијата во Украина и придонесот на нашата држава во регионалната стабилност, стои во соопштението од Секторот за односи со јавноста на Владата.
Ново на Сител
-
Во Албанија активни 30 пожари, пет се најкритични
-
Лото - игра на среќа со семејна традиција, ритуал во кој среќните броеви ни поттикнуваат надеж
-
Уапсен 19-годишник во Куманово, со него затекнато 14-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Приведени двајца росоманци, пријавени за закани кон кавадаречкиот градоначалник и неговото семејство
-
44-годишник си ја истепал сопругата и нејзиниот малолетен син
-
Во сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, повредени неколку лица меѓу нив и тримесечно бебе
-
ЈП Водовод и канализација: Апел до скопјани за рационално користење на водата за пиење
-
Двајца малолетници и две женски лица на 19 и 41 година приведени за престрелката во Тетово