Ковачевски од утре ќе почне да ја формира новата Влада
Владиниот кабинет сѐ уште не сум почнал да го составувам, рече лидерот на СДСМ и мандатар за нова Влада, Димитар Ковачевски во гостувањето во Дневникот на Сител. Вели дека причината за тоа е што вчера беше составено раководството на партијата.
-Денеска го испративме мандатното писмо до претседателот на државата. Од утре практично ќе почнам да правам избор и разговори со личности од партијата и други стручни лица во одредени области со цел да бидат идентификувани тие кои најдобро би одгоориле на одредени позиции. И пак водејќи се од принципот дека ќе се потрудам да предложам личности коишто имаат и професионален и политички капацитет да одговорат на улогите коишто ќе им бидат доделени, рече Ковачевски.
Прашан дали доскорешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов сега ќе го предводи Министерството за транспорт и врски, Ковачевски рече дека не сака да шпекулира додека официјално не се донесе одлуката.
-Сепак се тоа мои другари од партијата коишто имаат многу придонесено и во партијата, но и општеството и би било неблагодарно да коментирам какви било имиња без притоа да постои одлуки или да постои каков било разговор на таа тема. Сепак ќе се воздржам да не одговорам во однос на претпоставки кои не се засновани на факти, вели Ковачевски.
Рече дека не планира да го користи уставен рок за предлог на новиот кабинет. Ковачевски уверува дека предлогот ќе го достави на почетокот на Новата година, околу 10-11 јануари.
Ново на Сител
-
Во матичните амбуланти во Велес зголемен бројот на болни од стомачен вирус
-
Возел пијан и удрил во малолетничка па го напуштил местото, приведен возач во Македонска Каменица
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК
-
Трамп денеска ќе разговара со Зеленски
-
Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор