Ковачевски: Нова водоводна мрежа за Аџиевци, проект вреден околу 400.000 евра
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска ја продолжува посетата на реканскиот крај во Општина Маврово и Ростуше, со средба со жителите од населеното место, Аџиевци.
-Аџиевци, после подолг период конечно добива нова водоводна мрежа, проект вреден околу 400.000 евра, што е втора најголема инвестиција во Маврово и Ростуше. Жителите на Аџиевци веќе ги чувствуваа придобивките од проектите кои ги реализираше кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски, рече Ковачевски.
Додаде дека е изграден нов локален пат со кој се поврзуваат населените места Присојница и Аџиевци во вредност од над три милиони денари, со што значително се олесни комуникацијата меѓу овие две населени места.
Според него, Аџиевци е пример дека во тесна соработка помеѓу општината и жителите, може да се создаде поубаво и побезбедно место за живеење. Со материјали обезбедени од општината и работна акција на месното население, во Аџиевци е изграден потпорен ѕид на локалната улица, со што се обезбеди поголема сигурност при движењето на жителите.
-Во наредниот период, со Медат Куртовски како градоначалник, планирана е изградба на обиколен пат, уредување на спортски терен, реконструкција на училишната зграда и чистење и уредување на диви депонии. Нема посилен аргумент од исполнителноста на Медат Куртовски. Медат докажа дека работи за секое едно населено место во Маврово и Ростуше, дека не ги дели граѓаните на ваши и наши, и токму затоа на 20 август ќе ја добие поддршката од жителите на Аџиевци и цело Маврово и Ростуше, порача Ковачевски.
Тој при вчерашната посета на неколку населени места рече дека се инвестирани 32 милиони евра и реализирани над 60 проекти во Маврово и Ростуше.
-Училишта, градинки, квалитетна и здрава вода за пиење, реконструирани улици, нови паркинзи. Граѓаните знаат дека развојот и просперитетот продолжува и во следните четири години. Со Медат и СДСМ продолжува развојот на Маврово и Ростуше, гласајте за број 1, рече меѓу другото.
На 20-ти месецов во оваа општина се гласа за градоначалник откако поради необезбеден цензус тоа не се случи на редовните локални избори на 17 октомври минатата година. Повторени избори на 17 април не се одржаа откако својата кандидатура ја повлече актуелниот градоначалник Медат Куртовски, кој беше единствен кандидат. На сегашните повторени избори во трката за градоначалник освен Куртовски, од СДСМ е и Мевмед Џафери од ВМРО – ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти