Ковачевски: Нема потреба од тајни средби, уште не е договорена средба со Мицкоски
Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека нема потреба да има тајни средби со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Посочи дека кога ќе има средба, таа ќе се одржи на јавен пристор.
-Јас не гледам дека има потреба да имаме тајни средби. Кога ќе имаме средба, таа ќе биде средба која ќе се случи во јавен простор – дали во Клуб на пратеници, во Собрание, на улица „Македонија“ во некој кафич, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање коментирајќи ја изјавата на Мицкоски дека тој нема да прифати никакви тајни средби со него.
Ковачевски на презентација на првата странска инвестиција во 2024 година во ТИРЗ истакна дека уште не е договорено кога ќе се случи средбата со Мицкоски, нагласувајќи дека имаат комуникација на партиско ниво.
-Ќе видиме кога ќе договориме средба. Ние имаме комуникација на партиско ниво. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во редовна комуникација со заменичка-претседателка на СДСМ, рече Ковачевски.
Во врска со најавите од албанската опозиција за блокада на Собранието доколку не се избере нивен член на Државната изборна комисија, Ковачевски потенцира дека тие разговорите треба да се водат во Собранието за оваа прашање.
-Ќе мора да ги водат разговорите во Собранието. Инаку, не е ништо ново. На волја на вистината, македонската опозиција го блокира веќе четири години. Се надевам дека до крајот на мандатот нема да има повеќе блокади. Во државата за се има закони, рече тој.
Околу тоа дали разговараат со ДУИ за формирањето на „Европски фронт“, премиерот истакна дека уште не разговарале поради, како што рече, новогодишни празници.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување