Ковачевски на презентацијата на новата втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“
Премиерот Димитар Ковачевски денеска, во 10:00 часот, ќе се обрати на настан по повод презентацијата на новата втора инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ-2), информираат од Владата.На настанот ќе присуствува и министерот за економија Крешник Бектеши, а по обиколката на производството, обраќања и презентација за новата инвестицијата ќе имаат и Оливер Бургел, потпретседател на „Гересхајмер“, заменик амбасадорот на Германија во земјава Ото Граф, како и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.
-Новиот производствен капацитет на „Гересхајмер“ ќе биде позициониран непосредно до постојниот, во кој германската компанија веќе произведува пластична амбалажа за фармацевтската индустрија. Новата инвестиција е и најголема поединечна инвестиција воопшто во слободните економски зони, велат од Владата.
Ново на Сител
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров