Ковачевски – Лајчак: За ЕУ, Северна Македонија е партнер од доверба
Премиерот Димитар Ковачевски ги продолжи активностите на Минхенската безбедносна конференција, при што на маргините на настанот оствари средба со претставникот на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
На средбата на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, премиерот Ковачевски го запозна Лајчак со заедничките активности со премиерот на Република Бугарија Кирил Петков за интензивирање на билатералната соработка и за работата на петте работни групи за економија, инфраструктура, култура, ЕУ интеграција и историја коишто имаат задача да изготват патоказ за спроведување на Договорот за пријателство.

Претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак упати силна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и ја оцени нашата земја како доверлив партнер на Унијата. Лајчак изрази и задоволство од досегашните заложби и ги оцени како значаен придонес кон конечната одлука за усвојувањето на Преговарачката рамка и за закажувањето на првата Меѓувладина конференција во мандатот на Република Франција како претседавач со Европскиот совет.
На средбата стана збор и за унапредувањето на регионалната соработка меѓу земјите од Западен Балкан, меѓу што и за охрабрувачкиот процес „Отворен Балкан“.
Во регионален контекст, премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија ги поддржува сите форми на дијалог меѓу Белград и Приштина, а изрази и поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на стабилна и безбедна Босна и Херцеговина во согласност со Дејтонскиот мировен договор.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
