Ковачевски ќе информира за снабдувањето со струја на прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата
– Премиерот Димитар Ковачевски, во присуство на директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, денеска ќе одржи прес-конференција за снабдувањето со електрична енергија на потрошувачите од прехранбената индустрија, водостопанства и училишта.
Со одлука на Владата поевтина електрична енергија треба да добијат 200 компании од прехранбениот сектор, училиштата и јавните водоводни претпријатија и пречистителни станици. Тие ќе се снабдуваат со струја преку ЕСМ со цена од 80 евра по мегават час.
-Нивото на инфлација е високо, не е високо само кај нас, туку во сите држави и е резултат на порастот на цените и на гасот, на електричната енергија и на прехранбените производи. Не само што ме загрижува, туку тоа е нешто на што деноноќно работиме со министрите. Заради тоа донесовме одлука за цена на електрична енергија која ќе биде дадена на прехранбената индустрија за основните прехранбени производи, со цел цените да се намалат за најмалку 10 проценти. Затоа се донесе одлуката тие да се снабдуваат со струја преку ЕСМ со цена од 80 евра по мегават час, изјави завчера Ковачевски во телевизско гостување.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
