Ковачевски и Маричиќ ќе присуствуваат на седницата на Советот за безбедност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска ќе присуствува на седница на Советот за безбедност која ќе се одржи во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
На дневен ред на седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе биде модифицираниот предлог на француското претседателство за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
На седницата, покрај членовите на Советот за безбедност, ќе присуствува и заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.
По добивањето на предлогот на француското претседателство, премиерот Ковачевски одржа консултативни средби со лидерите на владината коалиција, со дипломатскиот кор, граѓанскиот сектор, со претставници на експертската јавност и медиумите. Премиерот Ковачевски најави дека секоја одлука за предлогот ќе се носи низ дијалог и консултации во интерес на иднината на сите граѓани на Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
