Ковачевски: Да се радуваме и да бидеме горди за прифаќањето на МПЦ-ОА како автокефална и еднаква во православната заедница
Премиерот Димитар Ковачевски денеска на средба со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан, лично му го предаде писмото со честитки од негово и од име на Владата по повод одлуката за стекнување автокефален статус со кој МПЦ-ОА се прифаќа како еднаква со другите сестрински цркви во православната заедница, соопшти владината прес-служба.
– Вам, на членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја Ви ја честитам историската одлука МПЦ-ОА да биде прифатена како автокефална црква. Бидете горди и радувајте се затоа што на Вашата генерација ѝ припадна честа и подвигот МПЦ-ОА, како наследничка на древната Охридска Архиепископија, да биде впишана како автокефална, еднаква со сите други, во диптихот на Вселенската Патријаршија во која се запишани сите канонски православни цркви во светот. Ваше Блаженство, го избравте единствениот пат за решавање на заслужениот статус на МПЦ-ОА., се наведува во честитката.
Со оваа канонски исправна одлука, се посочува во писмото, со радост и без најмала воздржаност ќе ја дочекаме заедничката служба со претставниците на останатите православни цркви во седиштето на Цариградската патријаршија со која ќе се прифати МПЦ-ОА како рамноправна сестринска црква.
– На верниот македонски народ му честитам на трпеливоста и на истрајноста. На вербата дека заслужуваат да го дочекаат денот кога ќе бидат прифатени во љубов и кога ќе се радуваат на возобновена Охридската Архиепископија во лицето на МПЦ како еднаква и официјално прифатена во заедницата православни цркви. Во историскиот чин за прифаќање на МПЦ-ОА како канонска автокефална црква се вградени и големите дела на Светите Кирил и Методиј, на Свети Климент, како и делата на сите останати црковни и духовни големци во редот на нашата историја, вградени во создавањето и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Од духовните плодови и придонес на тие наши големци во историската низа на нашиот континуитет, денес Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа. Нека ни остане засекогаш во паметење денот кога МПЦ-ОА ја стекна својата автокефалност, пишува во честитката што премиерот Ковачевски му ја предаде на Архиепископот охридски и македонски Г.Г. Стефан.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци