Ковачевски: Без разлика на Венецијанската комисија, сите наши закони ќе бидат разгледани при билатералниот скрининг со ЕУ
– Измените на Законот за здруженија ги донесе Собранието со консензус, но без разлика дали одат на Венецијанска комисија или не, сите наши закони ќе бидат разгледани во текот на билатералниот скрининг што го имаме со ЕУ и потоа ќе претрпат усогласувања, вели премиерот Димитар Ковачевски.
Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Ковачевски нагласи дека не очекува овој Закон да претрпи усогласувања, бидејќи алудира само на тоа дека треба да се внимава на чувствата на нашите граѓани што се однесуваат на користење на имиња од периодот на Втора светска војна при организирање какви било клубови или трговски друштва.
– Мојот став е дека нам ни треба нов закон за здруженија на граѓани и Министерството за правда работи на изготвување на комплетен закон, што ќе ги вклучи сите политички партии и експерти. Уште стојам на ставот дека како основа треба да биде земено германското законодавство, кое на многу висок степен ги има решено здружувањата на граѓаните, истакна премиерот.
Во однос на Културниот центар во Благоевград, тој посочи дека веќе разговарал со бугарскиот премиер Галаб Донев и штом ќе бидат испратени документите, а потоа и разгледани од властите на Бугарија, ќе може да се пристапи кон негово формирање и отворање на соодветен начин.
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи вчера во Софија на прес-конференција со бугарскиот колега, Николај Милков најави дека ќе и препорача на Владата по неодамна усвоените измени на Закон за здруженија и фондации, тој да биде испратен во Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија.
Ново на Сител
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики
-
Преглед на вестите од светот
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш