Костовски во „Таргет-Тврдина“: Имав можност за креирање профили, но никогаш немам маркирано броеви
Со директно испитување на вториот „свиркач“ Ѕвонко Костовски денеска во скопсиот Кривичен суд продолжи рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.
-Имав можност за креирање профили, кориснички сметки, случаи и потслучаи, но никогаш немам маркирано броеви, освен при проверка на системот кога го маркирав мојот број за да проверам дали работи системот или не, рече Костовски, кој бил топ-администратор на системот за следење на комуникациите.
Костовски заедно со Ѓорѓи Лазаревски, како разузнавачи од Управата за безбедност и контраразузнавање ги извадија „бомбите“ и му ги предадоа на ексдиректорот на УБК, Зоран Верушевски.
Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.
Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра