Костов: Не се констатирани повреди кај Јанакиески

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Христијан Костов вечерва потврди дека по сите медицински иследувања што биле направени било констатирано дека поранешниот министер Миле Јанакиески не е повреден во инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка, каде е во притвор.
-Денеска во попладневните часови после 16 часот е донесено лице од затворот „Скопје“ за медицински преглед. После приемот во Ургентниот центар дежурна екипа од специјалисти изврши преглед при што се направени најразновидни инстигации, од крвна слика, лабораторија, ехо на стомачна шуплина, компјутерска томографија на глава… Откако беа завршени сите прегледи беше донесен заклучок дека кај лицето не се евидентирани повреди. Значи не е индицирана потреба за хоспитализација на лицето, рече Костов.
Тој додаде дека заради анамнестичкиот податок дека лицето била удирано по телото препорачан бил 24-часовен надзор од медицинско лице кое што ќе се спроведува во установата од каде што е донесен.
Во врска со обидот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата, директорот Костов истакна дека во оваа болница и претходно имале контакт со затворите и од Идризово и од Шутка и во такви случаеви сите донесени пациенти биле во придружба на полиција или на затворска полиција.
-Значи, тоа се органзирани посети на болницат на затвореникот и во тој случај до затвореникот нема пристап. Од правна страна забранета е било каква посета или контакт со лицето кое што е со полициско обезбедување, рече тој.
Ново на Сител
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
-

Двајца странски државјани безбедно извлечени од Пирибег
-

Армијата презентираше дел од современата воена опрема и вооружување во Куманово
-

Шест полицајци ќе бидат суспензирани за случајот со претепаните момчиња
-

Уапсен Босанец, кај Катланово возел 164 км/ч на место каде што дозволено е 80
-

Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот
-

Мицкоски: Македонија е поголема од секоја политичка генерација, целта е посилна татковина
-

Мицкоски: Овој 11 Октомври нека не биде само ден на сеќавање, зашто слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи
