Костадинов: Мицкоски да каже дали се гледал со Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија?
Христијан Мицковски одбегнува да одговори на прашањата што му ги поставуваме, се крие зад статуси на социјалните мрежи, се крие и зад својот генерален секретар, патем осомничен во предметот „Дизајн“.
На ВМРО-ДПМНЕ не му било јасно зошто јавноста се прашува дали Мицкоски се гледал со Никола Груевски, со новинарот од Италија, со други луѓе од Словенија, зошто прашуваме за неговите линкови…
Важно е граѓаните да ја знаат вистината. Важно е граѓаните да знаат за поведението на Христијан Мицкоски и неговите вистински намери.
Ако Мицкоски се фали кога се гледа со Орбан, редно е да се пофали и за средбите со останатите со кои се гледа. Зошто не ги кажува?
Редно е да каже со кого се видел? Кога и каде?
Ако се видел? Што му дале? Дали тој нешто им дал и што е тоа?
Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања.
Особено откако лично призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец кој патем се појавува и во објавените снимки.
ВМРО-ДПМНЕ не излегува од филмовите на конфликт. Кога велат ќе блокираат институции дали мислат на блокирање како на 27-ми април?
Агендата Христијан Мицкоски останува иста: одбрана на криминалот на режимот, обид да се загрози правдата и тајкуните на режимот да се претстават како жртви, обид да се блокира земјата, да се спречи напредокот кон НАТО и ЕУ.
Мицкоски нема да успее. Напредкот ќе продолжи, застанување нема. Одговорност од прв до последен за сите што ги прекршиле законите мора да има, вклучително и за тајкнуите на режимот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт