Костадинов го посети Центарот за поддршка на образованието на учениците со попреченост во Струмица
Со новиот Закон за основно образование им се овозможува на сите ученици со попреченост да следат настава во редовните училишта, а со тоа посебните паралелки за образование на ученици со попреченост се трансформираа во Центар за поддршка на образованието на учениците со попреченост при ООУ „Сандо Масев“, истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов при денешната посета.
Тој подвлече дека Општина Струмица е втемелувач на образованието за ученици со аутизам во Република Северна Македонија кога пред 14 години започнал образовниот процес на ученици со аутизам во посебните паралелки на ООУ „Сандо Масев“.
-Денеска одржав работна средба со раководството на училиштето и вработените во Центарот на која разговаравме за промените кои што се направени, новите улоги и понатамошно зголемување на компентенциите и ресурсите за работа на Центарот за поддршка, којшто ќе има можност да ги опфаќа сите деца со попреченост, додаде Костадинов.
Во чест на взаемната соработка и цел-сите ученици со попреченост да бидат вклучени во образовниот процес и да добијат соодветно образование, беа засадени десет дрвца со цел на разубавувањето и заштитата на животната средина.
Инаку, во редовната настава во основните училишта во Oпштина Струмица се вклучени околу 50 ученици со попреченост.
Ново на Сител
-
Гутереш: На светот му се заканува нова студена војна со нуклеарен призвук
-
Сто илјади навивачи на улиците на Тирана
-
Пронајдено телото на работникот од Кавадарци кој беше пријавен за исчезнат
-
Цонга ја заврши богатата кариера
-
Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме
-
Пендаровски: Политиката на отворени врати мора да продолжи, не само во однос на НАТО, туку и на ЕУ
-
Директор во скопска фирма физички нападнал вработена
-
Руската армија зазела уште еден град во Доњецк