Костадинов ги посети дежурните служби и ја честиташе Новата година
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во новогодишната ноќ ги посети дежурните служби, но и штитениците од Заводот за заштита и рехабилитација во Банско и тие што живеат во мали групни домови.
-И додека најголемиот дел од граѓаните новогодишната ноќ ја поминуваат во кругот на семејството и пријателите, дел се на своите работни места и се грижат најдолгата и највеселата ноќ во годината да ни биде мирна и безбедна. Ги посетив дежурните служби во Територијалната професионална противпожарна единица, Итната медицинска помош и Службата за стоматолошка здравствена заштита при ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Невропсихијатриската служба при ЈЗУ „Општа болница Струмица“, СВР Струмица и Фабриката за вода при ЈПКД „Комуналец“ и им посакав многу здравје, успех и среќа во Новата 2022 година, објави градоначалникот Костадинов.
Инаку, според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, новогодишната ноќ на подрачјето кое го покрива овој сектор поминала мирно и без инциденти.
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
