-->
-->
Коста се врати во Мадрид
-->
Диего Коста и официјално се врати во Атлетико Мадрид. Трансферот на Бразилецот со шпански пасош изнесува 60 милиони евра, а Атлетико ќе може да го регистрира од 1 јануари наредната година.
Диего Коста изминатите две сезони постигнуваше по 20 голови и беше најдобриот стрелец на Челси во Премиер лигата. Сепак, поради несогласувањата со менаџерот Антонио Конте, тој реши да го напушти Челси.
„Секогаш говорев дека Атлетико е мојот дом. Многу, многу сум среќен. Како и секогаш, ќе дадам сè од себе за тимот. Му благодарам на директорот Мигел Анхел Хил, но и на целиот клуб што ми овозможи да се вратам“, рекол Коста.
Шпанскиот репрезентативец има 28 години, за Атлетико настапуваше од 2010 до 2014 година и во тој период постигна 64 голови на 135 одиграни натпревари. Во кариерата играл и за Панафиел, Брага, Селта, Албасете, Ваљадолид и Рајо Ваљекано.
Има два настапи за бразилската репрезентација, но од 2014 година е репрезентативец на Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Напаѓачот на Нотингем Форест ставен во медицински индуцирана кома
-
Конституиран новиот Управен одбор на КФСМ, Ѓуроски нов потпретседател
-
Винисиус сакал 30 милиони нето плата по сезона за да го продолжи договорот со Реал Мадрид
-
Дефанзивец на Тотенхем во трансфер плановите на Реал Мадрид
-
Анчелоти: Се што е убаво има крај
-
Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици
-
Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните
-
25 проценти повеќе новороденчиња во Кавадарци споредено со лани