Loading Video...
Фудбал
15. јуни 2022 - 10:45

Коста Рика последен патник на Мундијалот во Катар

Познат е и последниот патник на Светското фудбалско првенство што кон крајот на годинава ќе се одржи во Катар. 
 
Репрезентаијата на Коста Рика е последната 32-ра селекција која обезбеди пласман на Мундијалот во Катар. 
 
Ова откако Костариканците  во баражот одигран синоќа во Ал ријан во Катар ја победија селекцијата на Нов Зеланд со 1-0 со голот на Жоел Кембел постигнат уште во 3-тата минута од натпреварот
 
Така Коста Рика се избори за настап на СП и тоа во Е групата во која за противници ќе ги има, Шпанија, Германија и Јапонија. 
 
Птсетување дека ден порано тоа го направи и Австралија која на пенали со 5-4 го победи Перу, па популарните „кенгури“ на Мундијалот ќе играат во Д групата против Франција, Данска и Тунис. 
 
Светското фудбалско првенство во Катар ќе биде прво историско што ќе се игра во зимскиот период и тоа од 21 ноември до 18 декември.