Косовското Министерство за здравство издвои шест милиони евра за лекувања во странство
Незавидните услови во косовските јавни болници принудуваат многу пациенти да бараат услуги во бројните приватни здравствени установи во земјата, но и во странство, најмногу во Турција, Албанија и Македонија, но и во Западна Европа, најчесто во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина.
За третмани надвор од земјата, пациентите од Косово трошат милиони евра годишно, а дел од тие трошоци ги покрива Министерството за здравство, кое за таа намена оваа година издвоило шест милиони евра, пишува „Индексонлајн“.
- Според податоците обезбедени од Фондот за здравствено осигурување, на листата на чекање на процедурите од Извршниот одбор за одобрување на финансиски средства за третман во странство има 40 случаи, се вели во информацијата на Министерството доставена до порталот.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати