Косовските Срби ќе протестираат денеска во Северна Митровица
– Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскит народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Протестот е свикан за во 11 часот на плоштадот „Цар Лазар“ во Северна Митровица“.
Полицијата е известена за протестот и ќе биде присутна за да се погрижи ситуацијата да не излезе од контрола, иако не се очекуваат проблеми.
– Група граѓани го најави протестот за во 11:00 часот, кој е предвиден да се одржи на плоштадот „Цар Лазар“.
Се очекува протестот да биде мирен, а полицијата ќе биде во доволен број за да го одржува јавниот ред и мир, иако не очекуваме никакви проблеми, изјави заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
Овој протест во вторник го спомена и српскиот претседател Александер Вучиќ, кој рече дека Србите ќе реагираат на намерата на властите во Приштина да го отворат мостот на реката Ибар, кој ги поврзува јужнјуот и северниот дел на градот Митровица.
Изминативе денови имаше јасни повици од меѓународната заедница за неотворање на овој мост.
Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, се закани дека ќе реагира доколку се преземат активности за негово отворање без претходен договор со Србија.
Реакции имаше и од амбасадорите на земјите од групата Квинта и од ЕУ.
Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечља во вторникот го посети косовскиот север, инсистирајќи дека мостот треба да се отвори за сообраќај на возила.
Ново на Сител
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП
-
Трипуновски: Кога ќе одберете домашен производ, вие инвестирате во иднината на нашите села
-
Афазија е нарушување на комуникацијата по мозочен удар - Во земјата има околу 10 000 лица со оваа состојба