Косовскиот претседател Тачи во посета на настраданите во Туман, земјотрес стресе додека даваше изјава

Косовскиот претседател Хашим Тачи доцна поплaдне го посети Туман едно од нјпогодените место од катастрофaлниот земјотрес што Албaнија ја погоди вчера утрото.
За време на неговиот престој и тој го почувствува новиот земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентaр во Драч.
Потресот се случи во моментот кога тој дaваше изјава за медиумите. За миг се создаде паника, но присутните ги смируваше албанскиот вице премиер Ерион Браче.
– Изразувам најдлабоко сочувство за исгубените животи. Даваме наша целосна солидарност. Во Албнија и во Косово денеска е ден на жалост. Во добри, но и тешки денови сме и ќе бидеме обединети. Секоја болка на Албанија е болка и на Косово, рече Тачи.
Тој искажа голема благодарност до сите кои дале подршка и помош за надминување на оваа тешка ситуација.
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
