Loading Video...
Балкан
18. July 2020 - 19:28

Косовскиот претседател Хашим Тачи се врати во својата земја, каде беше пречекан со зурли и тапани

По четиридневно сослушување во Хаг, косовскиот претседател Хашим Тачи се врати во својата земја, каде беше пречекан со зурли и тапани.

Граѓаните, предводени од воените ветерани на ОВК го пречекаа Тачи на косовско-албанската граница, бидејќи претходно од Хаг слетал во Тирана.

Обвинението против Тачи беше поднесено пред три месеци. А освен него, осомничени се и неколку други лица, меѓу кои и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели, кој беше и еден од основачите на Косовската ослободителна армија. Тие се товарат за скоро 100 убиства на Косово.

Во Бугарија протестите стануваат сè помасовни. Граѓаните секојдневно се на улиците во повеќе градови низ земјата. Бараат оставка од Владата на Борисов и главниот јавен обвинител.
Премиерот Борисов го обвини претседателот на државата, Радев, дека тој е креатор на антивладините протести.
Сепак, Борисов побара од своите министри за финансии, економија и за внатрешни работи да си поднесат оставки поради протестите.
Разврската за владата на Бојко Борисов се очекува во текот на следната недела, бидејќи расправата по интерпелацијата ќе започне в понеделник.

Припадник на загоричкиот клан, Саша Кликовац, утринава е изрешетан пред семејниот ресторан во Подгорица.
Убиецот, по кој полицијата сè уште трага, пристапил кон автомобилот на 38-годишниот Кликовац и испукал осум куршуми во него, по што побегнал.
Во полициските кругови, според податоците со кои располагаат, Кликовац го сметаат за близок на кавачката криминална група. Па, не е исклучена можноста ова убиство да е уште една пресметка на кланови.