Косовскиот парламент по трет пат ќе се обиде да го ретификува договорот за границата
По две одлагања, поради немање консензус, косовскиот Парламент денеска по трет пат ќе се обиде да го ратификува Договорот за демаркација на границата со Црна Гора, потпишан уште на 26 август 2015 година, за што ќе бидат потребни 80 пратенички гласови.
Според приштинскиот весник „Коха“, за да го обезбеди потребното мнозинство за ратфикација на Договорот, на властите им недостигаат уште два гласа.
Весникот потсетува дека опозициското Движење Самоопределување и Српската листа уште претходно соопштија дека нема да гласаат за Договорот за демаркација.
Истовремено, во Приштина денеска ќе допатува висока делегација на Европската комисија, на чело со нејзиниот претседател Жан-Клод Јункер, во чии состав ќе бидат и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.
Тие, како што е најавено, ќе се состанат со косовскиот претседател Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и првиот човек на Собранието, Кадри Весели.
Европските лидери, како што соопшти канцеларијата на ЕУ во Приштина, ќе разговараат и со граѓаните, претставници на медиумите, НВО, со младите од политичките партии, со шефовите на мисијата на ЕУ и претставници на меѓународната заедница.
Ново на Сител
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид