Косовскиот Парламент изгласа недоверба на Владата
Со 78 гласови „за“, 34 „против“ и 3 воздржани, на косовската Влада на премиерот Иса Мустафа и беше изгласана недоверба во парламентот.
Мустафа изјави дека неговата смена е политички памфлет насочен за дестабилизација на Косово, недоверба во институциите и создавање институционален вакуум.
Барањето за гласање недоверба на Владата го поднесоа од Иницијатива за Косово со поддршка на Алијансата за иднина на Косово и Самоопределуавње, како и 12 пратеници од редовите на партиите од власта. За соборување на Владата гласаа и пратеници на Демократската партија на Косово, на шефот на државата Хашим Тачи.
Подносителите на иницијативата ја обвинија владата дека не е во состојба да ги исполни ветувањата од кампањата, не успеале да добијат доверба од јавноста ниту да донесат важни закони.
Официјална Приштина сега е во исчекување на предвремени парламентарни избори.
Косовскиот претседател е должен веднаш по гласањето недоверба да прифати решение за одржување нови избори најдоцна 45 денови по гласањето.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел