Косовскиот кандидат за премиер Албин Курти изјави дека ќе работи за обединување на Косово и Албанија
Основачот на крајнодесничарската косовско движење Самоопределување Албин Курти, кој е и кандидат за премиер, изјави дека обединувањето на Косово и Албанија ќе остане една од неговите главни цели, пренесе Танјуг.
Во интервју за албанскиот портал „Шкиптарија“ Курти истакна дека Косово ќе им даде на граѓаните право да одлучуваат на референдум за сите важни прашања, вклучувајќи и обединување со Албанија.
Тој посочи дека изборите на 11 јуни ја покажале желбата на косовските граѓани за промени, потсетувајќи дека движењето Самоопределување го удвои бројот на гласовите, како и бројот на пратениците и стана втората сила во парламентот.
Курти рече дека Самоопределување предложило партнерство со коалицијата предводена од Демократската унија на Косово и Алијансата за ново Косово. Тој, сепак, истакна дека ќе се бори за обединување со Албанија, без разлика дали ќе биде премиер или не.
Ново на Сител
-
Познати 19 учесници за Светското првенство во 2026 година
-
47-годишник од велешко со автомобил удрил во паркирано возило, па во малолетен пешак
-
Маж од тетовско вознемирувал малолетничка, па откако нејзината мајка пробала да разговара со него, тој ја нападнал
-
69-годишен штипјанец палел оган на терасата од својата куќа и предизвикал пожар
-
Тетовец нападнал вработен во угостителски објект со остар предмет
-
Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор, Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија
-
Ѓорѓиевски: Подземната сообраќајница под „Лимак“ ќе го растовари метежот во Центар, а улицата „Даме Груев“ ќе прерасне во булевар
-
М-НАВ: Македонското небо не смее да се „затвори''