Тедрос: Светот е во опасен период на пандемијата со Ковид-19
Светот е во многу опасен период на пандемијата на коронавирусот, а идентификувана е позаразната делта варијанта во речиси 100 земји, изјави шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреијус.
Тедрос на редовната прес-конференција на СЗО кажа дека делта варијантата, која за првпат се појави во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен коронавирус во многу земји, пренесуваат американските медиуми.
-Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат во ова време следната година речиси 70 отсто од сите луѓе, во сите земји, да бидат вакцинирани, рече Тедрос, додавајќи дека со тоа ефикасно ќе заврши акутната фаза на пандемијата.
Директорот на СЗО посочи дека три милијарди дози од вакцината се веќе распределени и дека во колективната моќ на неколку земји е да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.
Досега помалку од два проценти од вакцините се дадени на посиромашните земји.
Иако богатите земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Франција и Канада, ветија дека ќе донираат една милијарда вакцини против Ковид-19, СЗО проценува дека се потребни 11 милијарди дози за да се имунизира светот.
Ново на Сител
-
Фатени на камера лицата кои оставаат куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, полицијата ги идентификуваше| ВИДЕО
-
Маж гестикулирал и извикувал нацистички поздрави и го навредувал директорот на Фондот на Холокаустот на Евреите во Скопје
-
Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија
-
Светските лидери го поздравија договорот меѓу Хамас и Израел
-
Од почетокот на годинава 18.458 санкционирани возачи за возење без возачка дозвола
-
Двајца македонски државјани се приведени со непријавени пари на аеродромот во Тирана
-
Семејства на израелските заложници го поздравија договорот за нивно враќање
-
Кампањата за Локалните избори 2025 влегува во последните десет дена, партиите продолжуваат со своите активности на терен