Косовската опозиција со резолуција бара оставка на Курти и распуштање на Собранието
Собранието на Косово ќе одржи денеска пленарна седница на која ќе се расправа за трите години на Владата предводена од Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Денешната собраниска расправа е закажана во понеделникот на седница на Претседателството на Собранието, на барање на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), која преку резолуцијата бара „Владата да го заврши мандатот со оставка или со предлог за нејзино разрешување“, а по оставката или разрешувањето, Собранието на Косово да се распушти.
Расправа за тригодишнината на владата на Движењето самоопределување (ВВ) беше побарана и претходно, но поради отсуство на премиерот Курти во Собранието не можеше да се одржи.
Седницата на која ќе се разгледува предлог-резолуцијата на ААК, партија предводена од поранешниот премиер, Рамуш Харадинај, е закажана за во 13 часот.
Ново на Сител
-
Претседателот на хрватскиот сабор во посета на Македонија
-
Првите пари од унгарскиот кредит префрлени на сметката на Развојната банка
-
ВМРО-ДПМНЕ: ССМ ги преповторува ставовите на СДСМ
-
Градоначалникот на Струмица прашува кој ја блокира реконструкцијата на патот Струмица Дабиле
-
460.000 евра за О.Карбинци од унгарскиот кредит
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство