Косовската коалиција ПАН во потрага по коалициски партнери

Коалицијата ПАН, што ја сочинуваат Демократската партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово, иако победи на неделните косовски предвремени парламентарни избори, сепак ќе мора да бара други коалициски партнери за да формира нова влада.
Според прелиминарните резултати, како што јави дописникот на МИА, ПАН освои 39 пратенички места во 120-членото Собрание на Косово, па ќе и треба поддршка од уште најмалку 22 пратеници за обезбедување парламентрано мнозинство.
ПАН не ќе може да обезбеди мнозинстви ниту со вклучување во владината коалиција на десетте пратеници на Српската листа и десетте пратеници од малцинските заедници. Таквата коалиција предводена од ПАН би имала 59 пратеници, па за мнозинство и се потребни уште два пратеника и затоа мора да бара и друг коалициски партнер за формирање влада.
Ако се има во предвид дека Демократскот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето „Самоопределување“ категорично отфрлија каква било можност за коалиција со ПАН, тогаш „клучот“ за формирање влада останува кај Алијансата за Ново Косово (АКР) на Беџет Пацоли.
Партијата на Пацоли, кој е еден од најбогатите Албанци во светот, на изборите беше во коалиција со ЛДК на премиерот Иса Мустафа и партијата Алтернатива, па затоа треба да се почекаат официјалните резултати од изборите за да се види колку пратеници има секоја партија одделно во оваа коалиција.
Ново на Сител
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
