Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Владата на Косово на денешната седница донесе одлука за воведување визи за сите државјани на Русија кои на било кој начин сакаат да влезат или да ја користат државата за транзит, јави дописникот на МИА од Приштина.
Премиерот Албин Курти изјави дека руските државјани со редовни, службени и дипломатски пасоши, како и оние кои имаат биометричка дозвола за престој издадена од државите на Шенген-зоната, во иднина се должни да се опремат со косовска виза, било за влез, транзит или престој во Косово.
Претставувајќи го предлогот, кој беше усвоен на денешната владина седница, заменичката мнинистер за надворешни работи, Лиза Гаши нагласи дека мерката што се предлага е на линија на последната одлука на Европската унија во однос на визите за руските државјани.
– Визата е потребна за државјаните на Руската Федерација при влез во Република Косово, без исклучоци. Овој предлог на МНР е во согласност со меѓународните обврски кои ги презеде Косово во кохерентност со последната одлука на ЕУ за укинување на договорот за олеснување на добивање на Шенген-визи за руските државјани, изјави Гаши.
Ново на Сител
-

Пред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад
-

Папата Лав Четиринаесетти повика на итен прекин на огнот во Судан и отворање хуманитарни коридори
-

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место
-

Украина собори 67 од вкупно 79 руски дронови, соопштија украинските воздухопловни сили
-

Девет лица од Македонија и Косово организирале нелегални борби со кучиња
-

СВР Куманово: Не се регистрирани прекршувања, изборниот процес поминува мирно
-

МВР: Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети
-

До 13 часот излезеноста 19,96 проценти, за Скопје 15,28 отсто
